Штедење на енергија
Енергијата е потребна за сите активности на човекот. Во денешно време сме толку зависни од неа што не би можеле да го замислиме животот без неа.
Постојат два основни вида извори на енергија:
Необновливи извори: Фосилни горива (јаглен, природен гас, нафта)
Обновливи извори (вода, ветер, сонце, термални извори, биомаса и.т.н.)
Користењето енергија од необновливи извори предизвикува сериозни, негативни влијанија врз животната средина: oслободување отровни гасови, прав, чад и други загадувачи, промени и уништување на природната околина.
Покрај тоа што необновливите извори штетат, се смета дека и за скоро време ќе се потрошат.

Се смета дека необновливте извори на енергија за скоро време ќе ги снема од планетата Земја. Имено научниците тврдат дека нафтата ќе ја снема за 53 години, природниот гас за 54 години, а јагленот за 110год. Овие фосилни горива кои постојат од пред 540-66 милиони години ние луѓето ги истршивме во рок од 200 години.
Токму поради овие факти треба да размислуваме во насока на заштеда на енергија и користење на обновливи извори на енергија.
Токму поради овие факти треба да размислуваме во насока на заштеда на енергија и користење на обновливи извори на енергија.
Во Р. Македонија 85% од електричната енергија која ја користиме е произведена од термоцентрали, а останатите 15% се произведени од хидроцентрали и само мал дел е произведена од ветерници.
Следната слика представува енергетска мапа на Македонија, на која се представени термоцентралите, хидроцентралите и ветерниот парк.
Следната слика представува енергетска мапа на Македонија, на која се представени термоцентралите, хидроцентралите и ветерниот парк.
Термоцентрали во Македонија се: РЕК Битола, Осломеј Кичево
Поголеми хидроцентрали: Тиквеш, Вруток, Врбен
Ветерен парк Богданци
Како да заштедиме енергија?
Како да заштедиме енергија дома?
Како да заштедиме енергија додека загреваме?
Како да заштедиме енергија додека готвиме и ладиме?
Како да заштедиме енргија додека пегламе, чистиме, периме, се капеме?
Како да заштедиме енргија при осветлување во домот?
Како да заштедиме енергија при транспорт?
1. До поблиските дестинации одете пеш или со велосипед.
2. До подалечни дестинации возете се со јавен превоз наместо со автомобил.
3. Користете електрични автомобили- доколку е возможно.
Како да заштедиме енергија дома?
- Поставете топлинска изолација на надворешната страна на ѕидовите на вашата куќа/стан.
- Пополнете ги празнините на прозорските рамки.
- Подобрете ја топлинската изолација на подот.
- Новите згради во областите со студена клима треба да имаат големи прозорци што гледаат на југ за да добијат многу светлина и топлина од сонцето во текот на зимата.
- Поставете топлинска изолација на надворешната страна на ѕидовите на вашата куќа/стан.
Како да заштедиме енергија додека загреваме?
- Поставете ги грејните тела (радијатори, печки) под прозорците, така што ќе можат да го загреваат воздухот додека влегува внатре.
- Користете автоматски терморегулатори што се постојано зацврстени на апаратите, тие одржуваат постојана температура.
- Заменете ги старите грејни тела (не мора да ги замените сите одеднаш) со понови и поекономични модели.
- Облечете се потопло, наместо екстремно да затоплувате.
- Затопувајте се на обновлив извор на енергија (на електрична енергија добиена од сончеви колектори, од ветерници и сл.)
Како да заштедиме енергија додека готвиме и ладиме?
- Добро затворената врата на рерната додека готвите заштедува енергија.
- Кога се готви во рерна, целата нејзина зафатнина треба да се користи, а кога е можно, гответе неколку јадења едноподруго за да го избегнете повторното загревање.
- Користете експрес-лонци, кои штедат енергија и време.
- Користете садови чиј дијаметар на дното е еднаков или поголем од дијаметарот на ринглата.
- Садовите во кои готвите треба да имаат рамни и дебели дна.
- Одмрзнувајте го ладилникот редовно.
- Не ставајте топла храна или садови во ладилникот.
Како да заштедиме енргија додека пегламе, чистиме, периме, се капеме?
- Користете пегли на пареа.
- Дополнете ја машината за перење пред да ја вклучите. Секогаш избирајте најсоодветна програма
- Редовно празнете ја кесата за прав од правосмукалката.
- Заменете ги скинатите црева на правосмукалката.
- Побргу туширајте се, не оставајте топлата вода да тече додека ставате шампон.
- Поставете сончеви колектори за затоплување на вода во домот.
Како да заштедиме енргија при осветлување во домот?
- Обојте ги ѕидовите во светли бои.
- Садете дрвја најмалку 5 метри подалеку од ѕидовите на домот.
- Секогаш одржувајте ги прозорците чисти.
- Исклучете ги светилките кога не ви се потребни. Ставете тајмери или сензори за движење за да ги контролирате надворешните светилки, така што тие ќе се исклучат кога не ви се потребни.
- Заменете ги старите светилки со штедливи светилки. Тие се многу издржливи (траат до седум години). Замената на обична 75-ватна светилка со 20 ватна штедлива светилка за 10 часа работа дневно ќе ги надомести вложените пари за помалку од една година.
- Не оставајте ги електричните апарати во состојба на готовност. Апаратите во ваква состојба користат електрична енергија цело време, дури и кога се исклучени.
Како да заштедиме енергија при транспорт?
1. До поблиските дестинации одете пеш или со велосипед.
2. До подалечни дестинации возете се со јавен превоз наместо со автомобил.
3. Користете електрични автомобили- доколку е возможно.
Wow odlicno sraboteno.👏👏
ReplyDeleteПремногу е убаво
ReplyDeleteДобро завршена работа
ReplyDeleteomg
ReplyDelete