Thursday, June 2, 2022

 

Отпад

 

Picture
Брзиот развој на индустријата и зголемената потрошувачка се причина за создавање на се' поголеми количини отпад. Околу 80% од отпадот кој се создава  е резултат на земјоделските , индустриските  и рударските активности.
Остатокот од 20 % е отпад создаден од домаќинствата.
Picture
Постојат различни видови отпад: пластика, метал, хартија, стакло, биоразградливи органски материи, електронски отпад.

Каде одат отпадоците?

Отпадоците од домаќинствата, од корпите за отпадоци, преку контејнери, со помош на службите за комунална хигиена одат до депонија. Депонија е голема област наменета за прифаќање на отпадот.
  • Депонијата го уништува живеалиштето на растенијата и животните кои живееле на таа локација.
  • Депониите каде што само се истоварува ѓубрето шират непријатна миризба заради гниењето кое трае 30-100год.
  • Ваквите депонии привлекуваат инсекти, птици, глувци, кучиња и мачки скитници.
  • Течностите што се ослободуваат при овој процес ја загадуваат почвата и подземните води.
  • Депонијата лесно може да се самозапали и представува опасност за заедницата.
Picture
Picture
Современите општества нудат посовремен начин управување со отпад. Ефикасното управување со отпад овозможува да се избегне застрашувачката иднина за идните генерации- да бидат затрупани со купишта отпад.
За таа цел се' повеќе се фаворизира рециклирање на материјалите, намалување на потрошувачката, со цел создавање на помала количина отпад и соодветно третирање на исфрлените отпадоци во посовремени депонии.
Такви посовремени депонии се:
депонии- збогатени со микроорганизми кои го забрзуваат процесот на распаѓање на 5-10 год.
Депонии со специјални печки го загреваат отпадот  без присуство на гасови, при што се создаваат запалливи- гасови метан, водород и јаглерод моноксид, кои согоруваат во печки и од нив се создава електрична енергија.
​Опасен отпад:
Во бања- лекови, средства за чистење, лак и отстранувач за лак
Во работилница- бои, лакови, растворувачи
Во градини- инсектициди, пестициди, отрови за глодачи
Во гаражи- акумулатори, средства за полирање, моторни масла, антифриз, бензин, керозин
Хемикалиите не се фрлаат во канализација-  затоа што при тоа би отишле во подземни води и би предизвикувале помор на рибите.
Хемикалии се чуваат во посебни резервоари.
Батерии се рециклираат.

No comments:

Post a Comment

  Штедење на енергија ​Енергијата е потребна за сите активности на човекот. Во денешно време сме толку зависни од неа што не би можеле да го...