Thursday, June 2, 2022



Влијанието на луѓето врз животната средина

 Животна средина е средината во која живеат живите организми под влијание на сите надворешни фактори (биотички и абиотички).

Биотски (живи) фактори се меѓусебните влијанијата на живите организми (се однесуваат на взаемна борба меѓу живите организми заради парење, борба за храна, светлина, простор) , додека абиотски (неживи) фактори се влијанијата на светлината, почвата, водата и воздухот врз организмите.
Најмногу врз животната средина влијае човекот со своите активности. Човекот може да предизвика позитивни и негативни влијанија врз животната средина.

НЕГАТИВНИ ВЛИЈАНИЈА ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА:


Изградба на каменолом

Picture
Picture

ВИДЕО ЗА КАМЕНОЛОМ

Од каменолом се извлекуваат варовник, креда и глина, кои се користат како материјали за градба, воедно каменоломот значи егзистенција за луѓето кои равотата таму. Но каменломите предизвикуваат големи штети на животната средина. Каменоломот целосно го уништува живеалиштето на растенијата и животните кои живееле тамуа; работата во каменолом создава бучава која се слуша во најблиските населби, а исто така се создава прашина која го загадува воздухот .

Уништување на шумите

ВИДЕО ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ШУМИТЕ

Picture
Шумите се сечат за: дрво за градежништво, мебел, врати и правење хартија. Шумите се сечат и за добивање површини за одгледување на земјоделски култури и за градење нови куќи.
- Со сечење на шумите се 
уништува природното живеалиште на растенијата и животните.
Дрвјата се бели дробови на планетета Земја, така што со нивно сечење се губи можноста за прочистување на воздухот.

- Бидејќи со своите корења дрвјата ја држат почвата, кога се сечат големи површини со дрвја  почвата може да биде однесена( ерозија на почвата).Тоа значи дека нема да можат да растат нови растенија.
- Дрвјата ја апсорбираат дождовната вода. Ако се уништи шума во планински предел, нема да има дрвја кои ќе ја впиваат дождовницата. Ова може да предизвика поплави во пониските региони.
- Дрвјата може да помогнат во создавање на дожд. Без дрвја климата може да се промени и да стане посува.

Депонирање на отпад

Picture

Загадување на водата

Picture
Picture
Picture
Загадувањето на водите се врши преку исфрлање на отпадни води во реките, нафта во океаните, како и разни отпадоци во водите со што може да се предизвика помор на рибите.


ЗАГРОЗЕН ВИД

Секој жив организам може до одредена мера да ги издржи промените на надворешните фактори. Но преголемите промени може да предизвикаат изумирање на живите организми, со што доаѓа до истребување на некои видови.
Загрозен вид  е организам кој е застапен во многу мала бројност и е во опасност да изумре. 
Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП, IUCN) смета дека дури 40 % од видовите на светот се на некој начин загрозени. Бенгалскиот тигар  е загрозен вид на животно.Светскиот фонд за заштита на природата ги има преброено овие тигри и нивниот број е 1850. Неговото природно живеалиште се намалува просторно зради луѓето кои го сакаат тој простор за свои потреби. Исто така тој е загрозен заради ловот.
Многу земји имаат закони за заштита на видовите: забранет лов, ограничувања во стопанските и градежните активности и создавање на природни резервати, што представуваат ПОЗИТИВНИ ВЛИЈАНИЈА ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Picture
Загрозени видови во светски рамки се:
Синиот кит, тасмански тигар, џиновска панда, снежен
 леопард, бенгалски и малајски тигар, црн носорог, јавански носорог, кожеста желка, тасмански ѓавол, ригеста ајкула- чекан, перистерска пастрмка.
Поради прекумерниот лов и труењето, во Македонија се истребени четири вида животни, а во моментов се загрозени 16 видови цицачи и 20 ендемски видови риба. Најкритични се црниот мршојадец и брадестиот мршојадец, од кои има останато уште само по еден примерок.
Мечката, волкот и рисот може да станат загрозени видови во Македонија
Сериозни закани за овие животни се деградација на живеалиштата, сечење на шумите, пожари и се што доведува до уништување на нивните живеалишта.
Волците најчесто се убивани поради нивната кожа која била скапо наплаќана од државата, но подоцна таа цена се намалила. Ваквото убивање на волците не доведило до загрозување на видот бидејќи волците се животни кои раѓаат голем број млади, кои брзо растат и се приспособуваат на средината. Голем проблем представува труењето на волците со мамка- мрша со некој отров на која најчесто наседнуваат грабливите птици.
Бројот на убиени мечки и рисови пак е многу помал. Мечката е заштитено животно и доколку таа нанесе штета, изеде овци, кози или нападне пчеларник, државата е обврзана да ја надомести.
Според најновите истражувања, во Македонија има околу 200 мечки, 120 рисови и 1.000 волц
и. 

Како можеш да ја заштитиш животната средина?
Не ја троши водата залудно!
Не го загадувај воздухот!
Не фрлај отпадоци!
Не ги сечи или пали дрвјата!
Засади нови дрвја исти како локалните!
Не ги уништувај природните живеалишта на животните!
Направи природни резервати!
Остави ги мртвите дрвја да се претворат во храна за останатите!
Исечените дрвја искористи ги максимално, без создавање на отпад од нив!
Избегнувај хемиски ѓубрива, пестициди...!
Поддржувај органско производство!
Користи обновливи извори на енергија!
Непочитувањето на овие правила доведува до уништување на животната средина, односно уништување на животните заедници на растителните и животинските видови.

No comments:

Post a Comment

  Штедење на енергија ​Енергијата е потребна за сите активности на човекот. Во денешно време сме толку зависни од неа што не би можеле да го...