Thursday, June 2, 2022

 

Штедење на енергија

​Енергијата е потребна за сите активности на човекот. Во денешно време сме толку зависни од неа што не би можеле да го замислиме животот без неа.
Постојат два основни вида извори на енергија:
              Необновливи извори: Фосилни горива (јаглен, природен гас, нафта)
              Обновливи извори (вода, ветер, сонце, термални извори, биомаса и.т.н.)
Користењето енергија од необновливи извори предизвикува сериозни, негативни влијанија врз животната средина: oслободување отровни гасови, прав, чад и други загадувачи, промени и уништување на природната околина. 
Покрај тоа што необновливите извори штетат, се смета дека и за скоро време ќе се потрошат.
Picture
​Се смета дека необновливте извори на енергија за скоро време ќе ги снема од планетата Земја. Имено научниците тврдат дека нафтата ќе ја снема за 53 години, природниот гас за 54 години, а јагленот за 110год. Овие фосилни горива кои постојат од пред 540-66 милиони години ние луѓето ги истршивме во рок од 200 години.
Токму поради овие факти треба да размислуваме во насока на заштеда на енергија и користење на обновливи извори на енергија.
​Во Р. Македонија 85% од електричната енергија која ја користиме е произведена од термоцентрали, а останатите 15% се произведени од хидроцентрали и само мал дел е произведена од ветерници.
Следната слика представува енергетска мапа на Македонија, на која се представени термоцентралите, хидроцентралите и ветерниот парк. 
Picture
Термоцентрали во Македонија се: РЕК Битола, Осломеј Кичево
Picture
РЕК- Битола


​Поголеми хидроцентрали: Тиквеш, Вруток, Врбен
Picture
ХЕЦ-ТИКВЕШ
Picture
ХЕЦ-ВРБЕН


Ветерен парк Богданци
Picture
Како да заштедиме енергија?

Како да заштедиме енергија дома?
  1. Поставете топлинска изолација на надворешната страна на ѕидовите на вашата куќа/стан.
  2. Пополнете ги празнините на прозорските рамки.
  3. Подобрете ја топлинската изолација на подот.
  4. Новите згради во областите со студена клима треба да имаат големи прозорци што гледаат на југ за да добијат многу светлина и топлина од сонцето во текот на зимата.
  5. Поставете топлинска изолација на надворешната страна на ѕидовите на вашата куќа/стан.
 
Како да заштедиме енергија додека загреваме?
  1. Поставете ги грејните тела (радијатори, печки) под прозорците, така што ќе можат да го загреваат воздухот додека влегува внатре.
  2. Користете автоматски терморегулатори што се постојано зацврстени на апаратите, тие одржуваат постојана температура.
  3. Заменете ги старите грејни тела (не мора да ги замените сите одеднаш) со понови и поекономични модели.
  4. Облечете се потопло, наместо екстремно да затоплувате.
  5. Затопувајте се на обновлив извор на енергија (на електрична енергија добиена од сончеви колектори, од ветерници и сл.)

Како да заштедиме енергија додека готвиме и ладиме?
  1. Добро затворената врата на рерната додека готвите заштедува енергија.
  2. Кога се готви во рерна, целата нејзина зафатнина треба да се користи, а кога е можно, гответе неколку јадења едноподруго за да го избегнете повторното загревање.
  3. Користете експрес-лонци, кои штедат енергија и време.
  4. Користете садови чиј дијаметар на дното е еднаков или поголем од дијаметарот на ринглата.
  5. Садовите во кои готвите треба да имаат рамни и дебели дна.
  6. Одмрзнувајте го ладилникот редовно.
  7. Не ставајте топла храна или садови во ладилникот.

Како да заштедиме енргија додека пегламе, чистиме, периме, се капеме?
  1. Користете пегли на пареа.
  2. Дополнете ја машината за перење пред да ја вклучите. Секогаш избирајте најсоодветна програма
  3. Редовно празнете ја кесата за прав од правосмукалката.
  4. Заменете ги скинатите црева на правосмукалката.
  5. Побргу туширајте се, не оставајте топлата вода да тече додека ставате шампон.
  6. Поставете сончеви колектори за затоплување на вода во домот.

Како да заштедиме енргија при осветлување во домот?

  1. Обојте ги ѕидовите во светли бои.
  2. Садете дрвја најмалку 5 метри подалеку од ѕидовите на домот.
  3. Секогаш одржувајте ги прозорците чисти.
  4. Исклучете ги светилките кога не ви се потребни. Ставете тајмери или сензори за движење за да ги контролирате надворешните светилки, така што тие ќе се исклучат кога не ви се потребни.
  5. Заменете ги старите светилки со штедливи светилки. Тие се многу издржливи (траат до седум години). Замената на обична 75-ватна светилка со 20 ватна штедлива светилка за 10 часа работа дневно ќе ги надомести вложените пари за помалку од една година.
  6. Не оставајте ги електричните апарати во состојба на готовност. Апаратите во ваква состојба користат електрична енергија цело време, дури и кога се исклучени.

Како да заштедиме енергија при транспорт?

    1. До поблиските дестинации одете пеш или со велосипед.
    2.  До подалечни дестинации возете се со јавен превоз наместо со автомобил.
    3. Користете електрични автомобили- доколку е возможно.

 

Отпад

 

Picture
Брзиот развој на индустријата и зголемената потрошувачка се причина за создавање на се' поголеми количини отпад. Околу 80% од отпадот кој се создава  е резултат на земјоделските , индустриските  и рударските активности.
Остатокот од 20 % е отпад создаден од домаќинствата.
Picture
Постојат различни видови отпад: пластика, метал, хартија, стакло, биоразградливи органски материи, електронски отпад.

Каде одат отпадоците?

Отпадоците од домаќинствата, од корпите за отпадоци, преку контејнери, со помош на службите за комунална хигиена одат до депонија. Депонија е голема област наменета за прифаќање на отпадот.
  • Депонијата го уништува живеалиштето на растенијата и животните кои живееле на таа локација.
  • Депониите каде што само се истоварува ѓубрето шират непријатна миризба заради гниењето кое трае 30-100год.
  • Ваквите депонии привлекуваат инсекти, птици, глувци, кучиња и мачки скитници.
  • Течностите што се ослободуваат при овој процес ја загадуваат почвата и подземните води.
  • Депонијата лесно може да се самозапали и представува опасност за заедницата.
Picture
Picture
Современите општества нудат посовремен начин управување со отпад. Ефикасното управување со отпад овозможува да се избегне застрашувачката иднина за идните генерации- да бидат затрупани со купишта отпад.
За таа цел се' повеќе се фаворизира рециклирање на материјалите, намалување на потрошувачката, со цел создавање на помала количина отпад и соодветно третирање на исфрлените отпадоци во посовремени депонии.
Такви посовремени депонии се:
депонии- збогатени со микроорганизми кои го забрзуваат процесот на распаѓање на 5-10 год.
Депонии со специјални печки го загреваат отпадот  без присуство на гасови, при што се создаваат запалливи- гасови метан, водород и јаглерод моноксид, кои согоруваат во печки и од нив се создава електрична енергија.
​Опасен отпад:
Во бања- лекови, средства за чистење, лак и отстранувач за лак
Во работилница- бои, лакови, растворувачи
Во градини- инсектициди, пестициди, отрови за глодачи
Во гаражи- акумулатори, средства за полирање, моторни масла, антифриз, бензин, керозин
Хемикалиите не се фрлаат во канализација-  затоа што при тоа би отишле во подземни води и би предизвикувале помор на рибите.
Хемикалии се чуваат во посебни резервоари.
Батерии се рециклираат.



Влијанието на луѓето врз животната средина

 Животна средина е средината во која живеат живите организми под влијание на сите надворешни фактори (биотички и абиотички).

Биотски (живи) фактори се меѓусебните влијанијата на живите организми (се однесуваат на взаемна борба меѓу живите организми заради парење, борба за храна, светлина, простор) , додека абиотски (неживи) фактори се влијанијата на светлината, почвата, водата и воздухот врз организмите.
Најмногу врз животната средина влијае човекот со своите активности. Човекот може да предизвика позитивни и негативни влијанија врз животната средина.

НЕГАТИВНИ ВЛИЈАНИЈА ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА:


Изградба на каменолом

Picture
Picture

ВИДЕО ЗА КАМЕНОЛОМ

Од каменолом се извлекуваат варовник, креда и глина, кои се користат како материјали за градба, воедно каменоломот значи егзистенција за луѓето кои равотата таму. Но каменломите предизвикуваат големи штети на животната средина. Каменоломот целосно го уништува живеалиштето на растенијата и животните кои живееле тамуа; работата во каменолом создава бучава која се слуша во најблиските населби, а исто така се создава прашина која го загадува воздухот .

Уништување на шумите

ВИДЕО ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ШУМИТЕ

Picture
Шумите се сечат за: дрво за градежништво, мебел, врати и правење хартија. Шумите се сечат и за добивање површини за одгледување на земјоделски култури и за градење нови куќи.
- Со сечење на шумите се 
уништува природното живеалиште на растенијата и животните.
Дрвјата се бели дробови на планетета Земја, така што со нивно сечење се губи можноста за прочистување на воздухот.

- Бидејќи со своите корења дрвјата ја држат почвата, кога се сечат големи површини со дрвја  почвата може да биде однесена( ерозија на почвата).Тоа значи дека нема да можат да растат нови растенија.
- Дрвјата ја апсорбираат дождовната вода. Ако се уништи шума во планински предел, нема да има дрвја кои ќе ја впиваат дождовницата. Ова може да предизвика поплави во пониските региони.
- Дрвјата може да помогнат во создавање на дожд. Без дрвја климата може да се промени и да стане посува.

Депонирање на отпад

Picture

Загадување на водата

Picture
Picture
Picture
Загадувањето на водите се врши преку исфрлање на отпадни води во реките, нафта во океаните, како и разни отпадоци во водите со што може да се предизвика помор на рибите.


ЗАГРОЗЕН ВИД

Секој жив организам може до одредена мера да ги издржи промените на надворешните фактори. Но преголемите промени може да предизвикаат изумирање на живите организми, со што доаѓа до истребување на некои видови.
Загрозен вид  е организам кој е застапен во многу мала бројност и е во опасност да изумре. 
Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП, IUCN) смета дека дури 40 % од видовите на светот се на некој начин загрозени. Бенгалскиот тигар  е загрозен вид на животно.Светскиот фонд за заштита на природата ги има преброено овие тигри и нивниот број е 1850. Неговото природно живеалиште се намалува просторно зради луѓето кои го сакаат тој простор за свои потреби. Исто така тој е загрозен заради ловот.
Многу земји имаат закони за заштита на видовите: забранет лов, ограничувања во стопанските и градежните активности и создавање на природни резервати, што представуваат ПОЗИТИВНИ ВЛИЈАНИЈА ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Picture
Загрозени видови во светски рамки се:
Синиот кит, тасмански тигар, џиновска панда, снежен
 леопард, бенгалски и малајски тигар, црн носорог, јавански носорог, кожеста желка, тасмански ѓавол, ригеста ајкула- чекан, перистерска пастрмка.
Поради прекумерниот лов и труењето, во Македонија се истребени четири вида животни, а во моментов се загрозени 16 видови цицачи и 20 ендемски видови риба. Најкритични се црниот мршојадец и брадестиот мршојадец, од кои има останато уште само по еден примерок.
Мечката, волкот и рисот може да станат загрозени видови во Македонија
Сериозни закани за овие животни се деградација на живеалиштата, сечење на шумите, пожари и се што доведува до уништување на нивните живеалишта.
Волците најчесто се убивани поради нивната кожа која била скапо наплаќана од државата, но подоцна таа цена се намалила. Ваквото убивање на волците не доведило до загрозување на видот бидејќи волците се животни кои раѓаат голем број млади, кои брзо растат и се приспособуваат на средината. Голем проблем представува труењето на волците со мамка- мрша со некој отров на која најчесто наседнуваат грабливите птици.
Бројот на убиени мечки и рисови пак е многу помал. Мечката е заштитено животно и доколку таа нанесе штета, изеде овци, кози или нападне пчеларник, државата е обврзана да ја надомести.
Според најновите истражувања, во Македонија има околу 200 мечки, 120 рисови и 1.000 волц
и. 

Како можеш да ја заштитиш животната средина?
Не ја троши водата залудно!
Не го загадувај воздухот!
Не фрлај отпадоци!
Не ги сечи или пали дрвјата!
Засади нови дрвја исти како локалните!
Не ги уништувај природните живеалишта на животните!
Направи природни резервати!
Остави ги мртвите дрвја да се претворат во храна за останатите!
Исечените дрвја искористи ги максимално, без создавање на отпад од нив!
Избегнувај хемиски ѓубрива, пестициди...!
Поддржувај органско производство!
Користи обновливи извори на енергија!
Непочитувањето на овие правила доведува до уништување на животната средина, односно уништување на животните заедници на растителните и животинските видови.

  Штедење на енергија ​Енергијата е потребна за сите активности на човекот. Во денешно време сме толку зависни од неа што не би можеле да го...